×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Момче се бори за живот, откако паднало од Живкова карпа

    07.04.2011 14:41 | KumanovoNews

    Д.К. облеан во крв го пронашол случаен минувач, кој веднаш повикал Итна помош. Поради скршеници на ребрата средношколецот бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје

    Момче се бори за живот, откако паднало од Живкова карпа

    Седумнаесетгодишнио Д.К. од Куманово, вчера попладне е пронајден во безсознание на патот кај Кумановска бања во населбата Проевце. Момчето облеано во крв го пронашол случаен минувач, кој веднаш повикал Итна помош. Поради сериозноста на повредите, скршеници на ребрата средношколецот бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде се бори за живот. Од полицијата се сомневаат дека момчето паднало од м.в.„Живкова Карпа„,од 30 метри височина, но дополнително ќе откријат дали станува збор за несреќен случај, обид за убиство или самоубиство.

    Жителите од околкните куќи не слушнале за случајот, но кажуваат дека на „Живкова Карпа„, постојано доаѓаат млади луѓе, кои остануваат по цела ноќ, при тоа недолично се однесуваат и создаваат врева. Пред неколку години од високата карпа, скокнало ено момче кое не преживеало.