×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Oбезбедени близу 200.000 евра за реконструкција на училиштето во Агино Село

    25.01.2024 16:34 | Сузана Николиќ

     Министерството за образование и наука обезбеди 11.572.940,00 денари за реконструкција на подрачното основно училиште „Кирил и Методиј“ во кумановско Агино село.

    Oбезбедени близу  200.000 евра за реконструкција на училиштето во Агино Село

    По 50 години ова ќе биде прва реконструкција на училиштето, откако на почетокот на оваа учебна година родителите и децата протестираа неколку дена, барајќи подобри услови за настава.  

    „Ве известуваме дека нашето подрачно основно училиште „Кирил и Методиј“ оваа година конечно ќе биде реконструирано после речиси 50 години од неговата изградба. Средствата од 11.572.940,00 денари се обезбедени и објавени во Службен Весник на РСМ. Следуваат распишување на тендер и формални постапки пред почеток на реконструкцијата. Уште еднаш покажавме и докажавме дека само со слога, братство и единство можеме и планини да помериме“, велат од месната заедница на Агино село.

    Училиштето е изградено во 1978 година со самопридонес на месното население, а родителите обвинија дека училишната зграда е руинирана, кровот протекува, прозорците се стари и во училниците има провев, а тоалетот се наоѓа во дворот. 

     Тогаш министерот за образование Јетон Шаќири најави дека Министерството за образование и наука ќе обезбеди средства за што побрзо да се реконструира училиште во Агино село. Ургентно биле направени измени во програмите за 2024 година, за што поскоро да започне реконструкцијата на училишната зграда.