×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Училиштето во Агино село може да се реконструира најрано напролет, кажал министерот Шакири, децата почнаа со настава

    06.09.2023 13:42 | Оливера Пешевска

    Реконструкцијата на руинираното училиште во Агино село може да започне најрано во март, кажал министерот за образование Јетон Шаќири на средбата со родителите и претставниците од Општина Куманово.

    Училиштето во Агино село може да се реконструира најрано напролет, кажал министерот Шакири, децата почнаа со настава

    Со тоа се исполнети услови учениците да го прекинат бојкотот на наставата и да започнат со воспитно-образовниот процес. Министерот ветил дека во меѓувреме проектот ќе се вметне во Програмата за капитални инвестиции за 2024 година.

    „На состанокот со министерот Шаќири бев јас како родител, директорот на училиштето од Романовце – Скендер Рушити и две претставнички на Секторот за образование од Куманово. Однесени се сите документи и по нивно разгледување министерот вети дека ќе добиеме писмен одговор за 3-5 работни дена“, изјави Бобан Јовановски од Агино село.

    Родителите, на првиот ден на новата учебна година, излегоа на протест да го потсетат Министертсвото за образование и наука дека со години чекаат да се создадат хумани услови за настава во стариот училиштен објект, а пред повеќе од година и пол поднеле и официјално барање за негова реконструкција, но уште немаат одговор.

    Министерот Шаќири по јавните прозивки ги повика родителите на состанок, за да се изнајде заедничко решение.

    Училиштето „Кирил и Методиј“ во Агино село е подрачна единица на централното училиште во Романовце.Изградено е во 1978 година со самопридонес на месното население, а оттогаш како што тврдат жителите „не е закована ни шајка“. Училишната зграда е руинирана, кровот протекува, прозорците се стари, па во училниците има провев, а тоалетото се наоѓаат во дворот. Иако реновирани немаат ни вода ниту електрична енергија, поради што сенеупотребливи.

    Минатата година Општина Куманово во дворот на училиштето изгради мултиспорт игралиште со тартан подлога па само часовите по физичко образование се одвиваат непречено и во современи услови.