×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Му зазвонил на врата, па го застрелал

    06.06.2010 14:43 | KumanovoNews

    Горан Трајановски (39) од Куманово, ноќеска со еден куршум е застрелан на куќниот праг на ул.„Авној„ во кумановската населба Зелен Рид.

    Му зазвонил на врата, па го застрелал

     Убиството се случило во 22.30 часот во семејната куќа на Трајановски,кога некој заѕвонил на влезната врата.Горан излегол да отвори, и во истиот момент почнал да бара помош од сопругата. Таа притрчала и видела непознато лице со марама на устата и капа на главата, вооружено со пиштол. Почнала да ја турка вратата за да не влезе насилникот внатре и успеала да заклучи.

    Во истиот момент на под паднал Горан, кој предходно бил погоден со еден куршум во пределот на рамото. Напаѓачот најверојатно пукал од оружје со пригушувач, бидејќи сопругата не слушнала истрел од оружјето ниту пак имало крв од раната. Увидна екипа на лице место пронашла хируршка ракавица, додека испуканата чаура ја немало.Телото на убиениот е предадено на обдукција.Мотивите за убиството не се познати, полицијата работи на расветлување на случајот. Куќата на семејството Трајановски во два случаи имамо обиди да ја ограбат.