Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во организација на партнерските организации: „Сирма“, „Мајка“, „Кумановка“, „Коло на српските сестри“ и „Искреност“ утре во ресторанот НА-МА ќе се одржи манифестацијата „Мултиетничка култура“.
При тоа ќе се презентираат националните кујни на етничките заедници кои живеат во Куманово. Настанот е дел од проектот „Меѓуетничка заедница - граѓани со еднакви права, можности и заштита“ кој финансиски е поддржан од страна на УНДП како дел од заедничката програма на ОН „Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка меѓу заедниците“.