×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мусо Сулејмани е новиот претседател на кумановскиот суд

    05.07.2013 08:14 | KumanovoNews

    Судијата Мусо Сулејмани е избран за нов претседател на Основниот суд Куманово на седница на Републичкиот судски совет што се оддржа минатата недела.

    Мусо Сулејмани е новиот претседател на кумановскиот суд

    По стапувањето на новата функција, Сулејмани најавува дека ќе го врати угледот на кумановскиот суд.

    Основна задача ќе ми биде да го вратам угледот на кумановскиот суд, бидејќи имаме квалитетни судии кои можат да се мерат со нивни колеги кои работат во европските судови. Ќе се зголеми комуникацијата со граѓаните и во најкраток рок ќе настојувам да се решат старите предмети. Исто така ќе се воведе поголема транспарентност и ажурност во работењето и ќе се одговара на сите барања на граѓаните - изјави Сулејмани.

    Сулејмани доаѓа на местото на Сефер Мемети, кој пред неколку месеци замина во пензија. Тој е судија кривичар од 2006 година, а пред тоа работел како началник во одделението за имотно правни работи Куманово.