×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • МВР: Завршена е акцијата во Диво насеље(видео)

    10.05.2015 13:14 | KumanovoNews

    Полициската акција дефинитивно е завршена – терористите се елиминирани, ова го изјави помошникот министер за односи со јавност на МВР Иво Котевски.

    МВР: Завршена е акцијата во Диво насеље(видео)

    Според полицијата, станува збор за една од најопасните терористички групи кои биле закана за целиот регион и која изминатите години била инволвирана во бројни напади, а нејзините членови беа предмет на меѓународни потерници за најтешки кривични дела.

    Уапсени се команданти од терористите и тоа според МВР се работи за следните лица Мухамет Красниќи, командант Малишева, Мирсад Ндрецај - познат како командант Нато, Сами Укшини - познат како командант Соколи и Бекир Изај – алијас Бегу.

    Тројца од нив сами и се предале на полицијата. Групата броела околу 40 лица. На лице место е пронајден огромен арсенал на оружје. На униформата имале ознаки на УЧК а дел од нив се и припадници на таканаречената 113 бригада на УЧК - изјави Котевски.

    14 тела во униформи се најдени во куќите каде се криеле терористите, чии идентитет ќе се утврдува дополнително. Од нив единствено е досега идентификуван Џафер Зумбери од Ѓаковица

    Според МВР не е исклучено дека во просториите кои се уште се претресуваат и расчистуваат да има уште тела на загинати терористи.

    Групата влегла во Македонија во почетокот на месецов, а планот бил во мај да почнат со напади на цивилни места и полициски станици.

    Официјално во акцијата на полицијата има 8 загинати полицајци и 37 повредени.