×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На 24 мај ќе се прогласат учениците на генерација

    23.05.2014 10:18 | KumanovoNews

    Здружението на просветни работници Куманово во соработка со локалната самоуправа,  наредната недела ќе ги прогласи учениците на генерација од основните и средни училишта во градот.

    На 24 мај ќе се прогласат учениците на генерација

    Свеченоста се организира по повод Денот на просветните работници 24 Мај - и Денот на словенските просветители Кирил и Методи.

    - Од основните и средните училишта имаме 28 ученици на генерација кои ќе добијат дипломи. Претходно се прогласени од нивните училишта за најдобри и тоа се ученици од Општина Куманово и од 3 основни училишта од Општина Старо Нагоричане кои се наши членови,- изјави Лидија Николовска Ѓорѓиевска, претседател на Здружение на просветни работници Куманово.

    Од здружението на сите просветни работници им го честитаат Св.Кирил и Методи, им посакуваат успех и потенцираат дека тие имаат многу големо влијание во воспитувањето и образувањето на идните генерации.

                          (фото архива)