На Цветници натпревар во цветно аранжирање
15.04.2011 08:26
| KumanovoNews
Организацијата на жени „Кумановка„, по повод христијанскиот празник Цветници, организира натпреварување во аранжирање на цвеќе.

Учество ќе земат 13 натпреварувачки, како симболика на 13 годишното одржување на оваа манифестација. Натпреварувањето ќе се одржи во недела на Цветници во 11 часот во фоаето на Центарот за култура.
Организаторите ги повикуваат сите граѓани кои се љубители на цветните аранжмани да присуствуваат на манифестацијата. Покровител е Советот и Локалната самоуправа.