Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Етно-музичарот Драган Даутовски со звуците на древната окарина, утрово во 6 часот го започна ритуалот во чест на митолошкиот постанок на светот, кој го изведувале праисториските луѓе.
Со музичкиот перформанс на Даутовски и интерперетацијата на обредната молитва во изведба на актерот Тихомир Стојановски, беше претставена начинот на кој овдешните жители на опсерваторијата Кокино пред 4000 ијлади години на овој ден го славеле спојот помеѓу небото и земјата и раѓањето новиот живот.
Обредеот бил изведуван така што врховниот свештеник,кој најверојатно истовремено бил и племенски поглавар,седел на престолот и кажувал молитви во моментот кога утринското сонце го осветлувало. Овој обред во науката е познат како свет брак меѓу небеското божество и земјата, (Иорос-гамос),обред кој имал задача да обезбеди плодност и обнова на природата -објасни арехелогот Јовица Станковски.
Промоцијата на опсерваторијата Кокино започа уште пред 8 години.За овој период Кокино доби научнана потврда од повеќе престижни организации и НАСА.
Ние како Локална самоупрва ќе правиме напори да иницираме проекти преку Владата за инфраструктурно уредување на Кокино, кое е еден од приоритетите за развој на Општината. Основен проблем е патот кој бара итна реконструкција и се надевам дека ќе успеаме за кратко време да го решиме -изјави Миодраг Јовановиќ, градоначалникот на Општина Старо Нагоричане.
Меѓу присутните на изведбата на перформансот беше и претседателот Ѓорѓе Иванов, кој од Кокино со градоначалникот Јовановиќ ја посети црквата „Св.Ѓорѓи„ во Старо Нагоричане.