×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На приредба претставени културите на зaедниците

    25.02.2011 09:57 | KumanovoNews

     Проектот “Мултиетничка заедница-граѓани со еднакви права, можности и заштита“ е дел од заедничка програма на Обединетите Нации “ Подобрување на меѓуетничкиот дијалог за соработка меѓу заедниците “ кој е поддржан од УНДП –канцеларија во Скопје.

    На приредба претставени културите на зaедниците

    Проектот се реализира од страна на партнерските организации:  Здружение на жени „Сирма“,Организација на жени „Кумановка“, Хуманитарно здружение  „Мајка “, Здружение на жени „Коло на српските сестри “ и Здружение на граѓани“ Искреност“ во соработка со Комисијата за односи меѓу заедниците при Општина Куманово.

    Целта на проектот е развивање на дијалог меѓу етничките заедниците во Општината Куманово.

    Денешниот настан е посветен на нашите млади сограѓани, учениците од општинските основните училишта: „Браќа Миладиновци“, „Крсте Мисирков“, „Вук Караџиќ“, „Наим Фрашери“ , „Браќа Рибар“ како и детската градинка Ангел Шајче. Учениците од овие училишта изведoa точки на јазиците на кои што учат, во кои ќе се презентираат нивните креативни вештини преку: песна, глума, танц и лични творби- вели Татјана Крстевска, претседателка на Сирма.