Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На железничката пруга Скопје-Куманово, кај селото Романовце воз удрил во камион, при што полесно е повреден возачот на камионот.
Железничка несреќа се случила вчера во 13.25 часот на локалниот пат Романовце-Умин Дол на обележан премин, кога товарен воз на Македонски железници управуван од машиновозачот Ј.Д.(45) од Скопје се судрил со товарно возило „Фолксваген“ со кумановски регистерски ознаки, управувано од Х.Ј.(41) од Черкеско Село.
Во незгодата Х.Ј. се здобил со скршеница на лева потколеница и по укажаната лекарска помош во Општата болница Куманово, пренесен е на понатамошно лекување во Ургентен Центар Скопје.
Увид на лице место извршила екипа од СВР-Куманово.
Во железничката незгода причинета е материјална штета од околу 200.000 денари.