×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На Табановце гужви за излез од државата

    04.08.2010 15:41 | KumanovoNews

    Зголемена е фреквенцијата на возила за излез од државата на граничниот премин Табановце - автопат на македонско-српската граница. Денеска границата ја поминале поголем број на возила од вообичаеното за работни денови, со oколу 20 илјади патници, кои се враќале од Грција и гастарбајтери.

    На Табановце гужви за излез од државата

    Неочекувано, денеска имавме зголемена фрекфенција на возила што ја напуштаат државата, но тоа не предизвика застој на пасошката контрола. Во функција се сите коловозни ленти за излез, а користиме и една лента за влез во државата. Задржувањето на возилата не е подолго од 20 минути за излез и само неколку минути за влез во државата - вели Мирсаде Шабедини, раководител на смена на преминот.

    За време на предходниот викенд на Табановце поминале над 30 илјади патници, а престојниот викенд и до крајот на летото се очекува нивниотт број да биде и поголем.

     Дел од граѓаните кои ја поминуваат границата се жалат дека има чести застои на преминот, поради тоа што паѓа системот за пасошка контрола.

    Тоа се случува многу ретко во ситуации кога системот е преоптоварен. Обично за викендите имаме непрекината 24 часовна гужва и понекогаш доаѓа до колапс на системот, но тоа не е често- тврди Шабедини.