×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На Табановце куче касна цариничка

    04.02.2011 10:42 | KumanovoNews

    За еден месец, двајца цариници од граничниот премин Табановце се искасани од кучиња скитници, додека биле на работното место. И во двата одвоени случаи, С.К. и В.С. од Куманово вработените во Царинската управа  завршиле во  болница со повреди на телото, откако врз нив се нафрлиле бесните животни.

    На Табановце куче касна цариничка

    Според очевидци, последниот инцидент бил пред десетина дена околу пладне, кога цариничката В.С. тргнала во тоалет во управната зграда. Додека се движела по коловозните ленти, кон неа се стрчале 5-6 кучиња. Едно од нив се нафрлило врз неа и ја каснало двапати за задникот. Другите се разбегале кога избезумената жена почнала силно да вреска и да бара помош. Притрчале нејзините колеги цариници и полицајци да ја извадат од чанџите на крволочното животни. Во шок, жената била пренесена во кумановската болница, каде и била пружена лекарска помош.

    На 21 јануари во 14.30 часот на Инфективното одделение е донесена пациентка,  цариничка од Табановце, касната од куче скитник. Имаше повреда на бутниот мускул на ногата. Ја саниравме повредата, и дадовме антитетанус терапија, но ја пративме во Ургентниот центар во Скопје да прими вакцина против беснило- ни рекоа од Општата болница Куманово.

    Од Регионалниот центар за гранични работи Север ни потврдија дека случајот е пријавен во граничната полиција во Табановце.

    Откако се случил последниот инцидент наредните два дена била повикана Шинтерска служба и дел од кучињата биле собрани. Вчера не најдовме никој од надлежните во Царината Табановце да прашаме што презеле да ги заштитат вработените и каква е состојбата сега, но цариниците и полицајците рекоа дека ништо не е сменето. Револтирани се од ингнорантскиот однос на државата кон таков многу голем проблем за нивната безбедност. Тие велат дека наезда на кучиња скитници на преминот има повеќе од било кога, затоа што сега во зима немат храна, па ја бараат во преполнетите контејнери кои на преминот никој не ги празни. Кажуваат дека овие два случаи не се осамени, бидејќи кучињата се агресивни, и покрај вработените ги напаѓаат и патниците кои ја минуваат границата.

    Не можат луѓето да излезат од кола. Се прикрадуваат и напаѓаат оддеднаш, а тоа е најстрашно нема човек време да се брани. Неодамна на еден колега со заби му ја извадија пластичната лајсна на автомобилот. Можете да замислите колку се бесни и агресивни - велат вработените.

    За наездата од кучиња скирници се жалат и жителите на селото Табановце. Тие се плашат за безбедноста на своите деца кога ги праќаат на училиште.