На Табановце откриени 10 грама марихуана
23.09.2014 07:53
| KumanovoNews
При контрола на автомобил со германски регистарски таблички, кој го управувал грчки државјанин, на граничниот премин Табановце автопат на излез од државата откриени се 10 грама марихуана.

Странецот дрогата ја криел во внатрешниот џеб од јакната, сместена во багажниот простор на возилото. При претрес царински тимови ја нашле марихуаната.