×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На Табановце откриени девизи скриени под акумулатор на возила

    13.12.2023 11:04 | Сузана Николиќ

    Царински инспектори од Секторот за контрола и истраги на граничниот премин Табановце во текот на минатиот викенд заплениле девизи кои македонски државјанин имал намера нелегално да ги внесе во државата, соопштија денеска од Царинската управа.

    На Табановце откриени девизи скриени под акумулатор на возила

    „Поради сомневање, царинските инспектори извршиле детална контрола на возилото со кое лицето патувало и притоа во предниот дел од моторот под акумулаторот во фолија и во пластична зип кеса се пронајдени скриени странски девизи, за кои лицето не поседувало документ за потекло на парите и не ги пријавило“, се наведува во соопштението.

    Согласно Законот за девизно работење, лицето сторило девизен прекршок и против него е поднесена соодветна пријава.