На Табановце запленета детска облека
21.10.2010 08:44
| KumanovoNews
На граничниот премин Табановце на влез во државата цариниците откриле 74 парчиња текстилни производи.

Детски тренерки, блузи и панталони откриени при преглед на патничко моторно возило со македонски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин. Непријавената стока била сокриена во багажникот и на задното седиште во возилото.