На Табановце запленети лекови за пчели
01.10.2010 08:20
| KumanovoNews
470 пакувања разни лекови за пчели , 109 патент брави и 79 цуцли за вода за добиток, откриени се на граничниот премин Табановце.

При царинска контрола на товарно моторно возилo со српски регистарски ознаки, управувано од српски државјанин, пријавено за влез во државата, била пронајдена стоката. Таа била сокриена пред совозачкото седиште, зад седиштата и во фиоката за личен багаж во кабината на возилото. Шверцуваната стока привремено е одземена, а против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.