Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
98 годишнината од Кумановската битка и големата победа на српската војска против Турците во Првата балканска војна вчера се одбележа на споменикот Зебрњак, покрај Куманово.
Битката се случила во 1912 година и однела 700 војници, а победата значела почеток на распаѓањето на отоманската империја.
На присутните им се обрати амбасадорот на Србија, Томислав Ѓурин кој порача дека балканските држави треба да ја следат идејата на Европа за обединување и подавање рака на другите заеднички да ги премостат пречките на патот кон градење на просперитет и развој за граѓаните на овие простори.
Нашата битка треба да ја извојуваме на полето на економијата, социјалната сигирност, културата, спортот...Впрочем тоа е идејата на нашите предци кои ги положија животите овде на Зебрњак и низ историските премрежи. Сеќавањето на паднатите борци во Кумановската битка е наш долг и наша одговорност и тоа мораме да им го пренесеме на идните генерации. Треба да се обнови овој споменик што го изградија нашите предци и достоинствено да ја дочека 2012 година, 100 годишнината од битката. Тоа не можеме да го направиме без нашите пријатели Македонците на чија земја тој се наоѓа-рече амбасадорот Ѓурин.
Венци и свежо цвеќе положија државни делегации од Македонија и Србија, српскиот амбасадор, градоначалниците на Куманово и Старо Нагоричане, претставници на војските и боречките организации, политички партии, невладини здруженија и голем број на граѓани од двете земји.
Оваа година за првпат на свеченоста присуствуваше и претставник од Владата, заменик министерот за култура Драган Недељковиќ.Тој најави дека со помош на владата и останатите државни институции споменикот ќе биде обновен во првобитната големина од 38 метри за стогодишнината.
Имаме цврсто уверување од претседателот Иванов и премиерот Груевски по средбите со српкото раководство дека ќе се обезбедат сите дозволи и нацрти и дека споменикот ќе биде возобновен до 2012-тата - изјави Недељковиќ.
Поменот на Зебарњак го организираше Амбасадата на Република Србија во Македонија, Српските заедници и општината Старо Нагоричане. Историски час за значањето на кумановската битка одржа историчарот Славенко Терзиќ. Гостите ја посетија и црквата „Свети Ѓорѓи„ во Старо Нагоричане.
Во културно уметничката програма учествуваа хорот „Браќа Барух" од Белграда и „Менада" од Тетово, драмски уметници Лепомир Ивковиќ и Танасије Узуновиќ. Беседа одржа Гордана Стојковска, стихови читаа членовите од Драмското студио „Даница„ од Српската заедница во Македонији, а своја изведба имаа и училиштетото од Кучевиште.