Над 100 слободни работни места во Куманово
19.02.2014 14:43
| KumanovoNews
На интернет страната на Агенцијата за вработување, објавени се над 40 огласи за вработување со повеќе од 100 слободни работни места.

Фирмите бараат фармацевти, фризери, продавачи, келнери, возачи за камион, чевлари, бравари, возач на автобус, администратор, стоматолог, градежен инженер, комерцијалист и друго.
Во огласите работодавачите претежно нудат плати од 8.050, 8 800, 10.000 денари, а за повисоките работни позиции со повисоки примања се бараат добро познавање на англиски и компјутери. Фирмите имаат потреба од 1 од 5 работници, а една чевларска компанија објавила оглас за прием на 30 работници.