Над 2600 земјоделци аплицирале за субвенции
Повеќе од 2600 земјоделци од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане, аплицирале за субвенции во подрачното Министерството за земјоделство во Куманово.

На фармерите им останува време до крајот на месецов, да поднесат барања за добивање на субвенции за растително и сточарско производство.
“Земајќи ги во предвид земјоделците кои кај нас се евидентирани и кои ги има во фарм-регистарот, станува збор за 40 отсто од евидентираните земјоделци. Очекуваме до крајот на овој месец над 95 отсто од земјоделците од регионот да аплицираат“ - вели Насер Даути, раководител на подрачното Министерството за земјоделство во Куманово.
Земјоделците ги прибрале документите и аплицираат за добивање на помош од државата за површините кои ги обработуваат.
“Имам лозов насад од 4.5 декари во село Мургаш. Одгледувам и житарица. Документите ги имам собрано, уште да ги поднесам“ - рече Раде Младеновски, земјоделец.
Во фрам-регистарот се евидентирани околу 7000 земјоделци од Куманово, Липково и Старо Нагоричане.