Над 3000 локални фирми го користат системот е - даноци
02.05.2014 07:55
| KumanovoNews
Од Управата за јавни приходи информираат дека 3327 фирми во Куманово го користат системот на е-даноци.

Системот е - даноци значително ја олеснува работата на фирмите и нуди низа поволности.
- Електронските даночни услуги овозможуваат даночните обврзници да го намалат времето и трошоците потребни за поднесување на даночните формулари. Во секој момент да имаат увид за состојбата на даночните плаќања и долгови евидентирани во УЈП - велат од УЈП.
Системот онлајн е достапен 24 часа седум дена во неделата.