Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Надминати се недоразбирањата меѓу коалиционите партнери на НДП и ДУИ во Советот на Општината Куманово.
Како што тврди советникот Зенон Исмаили, разговорите на централно ниво дале резултати и тој ќе продолжи да функционира со досегашните партии.
При тоа појаснува дека недразбирањата не биле само со ДУИ, туку и со СДСМ.
Не се работеше за недоразбирање само на релација со ДУИ, туку со целата коалиција. Нашиот меморандум за соработка е потпишан и со НСДП, ЛДП, ВМРО-НП, ДУИ и СДСМ. Ние како НДП во моментот имаме незадоволство по некои точки, кое во овој момент е надминато.- вели Исмаили.
Тој не сакаша да каже што точно е камен на сопнување во коалицијата, бидејќи станувало збор за интерна работа, но истакна дека преговорите продолжуваат. Исмаили е оптимист дека проблемите ќе бидат надминати засекогаш, но не ја исклучува можноста доколку не се исполнат нивните барања да ја прекинат соработката со СДСМ и ДУИ.
Неофицијално дознаваме дека НДП е незадоволно поради долгата постапка за поставување на нивен член за директот во Домот за стари лица „Зафир Сајто„, како и поради нереализираните вработувања во општинската администрација и јавните претпријатија.