×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Наградени најдобрите на меѓународната изложба на фотографии

    17.09.2010 08:19 | KumanovoNews

     Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев„ се одржа првата меѓународна изложба на уметничка фотографија „Куманово 2010„, на која учествуваа претставници од бившите југословенски простори и САД.

    Наградени најдобрите на меѓународната изложба на фотографии

    Убеден сум дека оваа изложба е значеан придонес во фотографијата како средство за креативно изразување и средство за моќно комуницирање - изјави д-р Цветан Гавровски.

    Прва награда за колекцијата  доби Славица Дејановиќ за својата колекција ,,Somethings gone, втората награда си ја зема Дејан Гилески за колекцијата фотографии ,,The prays on the western wall”,  додека со диплома за трето место за колекцијата ,,Жмурке” си замина Лазар Лековиќ.

    Прва награда за поединечна фотографија ја доби Стева М. Секериќ (Судбина 3097), втората награда за поединечна фотографија отиде кај Владимир Живанчевиќ (Пожуда) и Милорад Миличевиќ (Зима 1) заслужено си ја зема третата награда.

     Победниците заслужено си ги добија наградите. бидејќи оваа е една од најдобрите изложби на кои сум бил и сум учествувал воопшто. Сите фотографии што се изложени навистина вредат. Јас аматерски се занимавам со фотографијата година и пол, а на оваа изложба ми примија 4 фотографии.кои иако без поминаа без награда ја сум задоволен и од самото учество. Втор пат сум во Куманово, првиот пат кога бев забегав со автомобилот накај Велес, но се исправив кога ја видов таблата за влез во Велес и се вратив веднаш. Презадоволен сум од самиот град и љубезноста и отвореноста на кумановците. Бидејќи сум ја прошетал цела Македонија морам да кажам дека Кумановките се најубавите жени воопшто, им нема конкуренција -  изјави еден од учесниците на изложбата Гоце Димитриевски од Прилеп.

    Изложбата ќе трае до 2 октомври.

    Организатор на изложбата е фотогрупата ,,Ф7” ФОТОАРТ при Националната Установа Центарот за Култура ,,Трајко Прокопиев” во Куманово.

                                К.К.