×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Наградени најшарените јајца

    21.04.2011 13:09 | KumanovoNews

     Денеска беше отворена изложбата на манифестацијата "Шарено јајце" која по дваесет и први пат ја организира центарот за култура " Трајко Прокоипев". Учество зедоа над 500  ученици од основните училишт, градинките и невладините организации.

    Наградени најшарените јајца

    Уметниците Трајко Тошевски , Борис Кукуњавски и Андријана Динева, ги оценуваа пристигнатите експонати на натпреварот за најубаво украсено велигденско јајце.

     "Задоволни сме од одзивот на учесниците, како и од креациите кои пристигнаа во изминатите две недели. Оваа изложба традиционално ја организираме по повод христијанскиот празник Велигден и можам да кажам дека е успешна " - изјави Роберт Цветковски, стручен соработник во центарот.

    Доделени беа 10 пофалници на поединци. Наградата за најдобра колекција  ја освои училиштето "Браќа Миладиновци". Прво место освои ученичката Мартина Митевска од "Браќа Миладиновци", ,втората награда и припадна на Рабена Секиповска од истото училиште,  а трета на Елена Филиповска од ОУ  "Битолски конгрес" од село Лопате. Беше доделена и награда за иновација, која оваа година отиде во рацете на ученичката  Магдалена Денковска  од основното училиште "11 Октомври".