Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Слаѓана Бошковска од кумановското село Режановце е прогласена за најдобра жена фармер за 2010 година.
Таа ова високо признание го доби од Федерацијата на фармери по повод денот на руралната жена 15 октомври. Останатите награди им припаднаја на Роза Георгиева од струмичкото село Бориево, Маре Стоилова од кочанското Оризари, Живка Гурчиновска од Тумчевиште гостиварско и Бранкица Мавчева од прилепското село Кривогаштани.
Слаѓана Бошковска се занимава со земјоделие 20 години и земјоделството за неа и нејзиното семејство преставува основна егзистенција. Бошковска има сопствен рибник за одгледување на калифорниска пастрмка.Годинава на околу 1 хектар имала засадено компир, а одгледува и пиперки и домат.
Тешко е, но ако се има лубов и желба за ова работа можат да се постигнат солидни резултати. Успевам да постигнам на сите полиња и како домакинка и како мајка, но и жена кој е посветена на аграрот. Како семејство во моментов сме посветени на рибникот, бидејќи голема е побарувачката на калифорниска пастрмка„- рече Бошковска која се заблагодари на Федерацијата на фармери за наградата, а присутните ги почести со пржена калифорниска пастрмка.
За неа ФФРМ преставува можност за градење и разменување на искуства на фармерите и можност за потикнување на развојот на руралната жена.