×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово има само 6 згрижувачки семејства, три помалку во однос на лани

    22.09.2022 14:47 | Оливера Пешевска

    За една третина е намален бројот на згрижувачки семејства во Куманово. Минатата година имало 9 семејства, а во моментот се само 6. Семејствата се од македонска и ромска националност и згрижуваат 16 деца. 

    Во Куманово има само 6 згрижувачки семејства, три помалку во однос на лани Фото: pixabay.com

    „Иако моментално во градот има пријавено само 6 згрижувачки семејства, сепак потребата од вакви социјални семејства е сосема доволна. Во нив се згрижени 16 деца, и тоа 9 се од Куманово, 4 од Радовиш, 2 од Битола и едно дете од Кавадарци. Темата за згрижувачки семејства се уште е табу и не е многу актуелна. Треба да се спроведен еден вид на кампања, да се алармира, да се анимира населението, да се дадат попрецизни податоци на локалнитево медиумите, за да се актуелизира темата и да се зголеми бројот и заинтересираните за вон-семејна заштита“, изјави Ивана Лазаревска, социјален работник и координатор за згрижувачки семејства.

    Во вакви семејства можат да се згрижат деца без родители, деца со посебни потреби, жртви на семејно насилство, деца во ризик и деца во судир со законот. Со последните измени во законот дадена е можност за роднинско згрижување во рамките на поширокото семејството, како баба, дедо, брат, сестра, вујко, чичко или тетка. Во Североисточниот регион се згрижуваат деца од Детскиот дом „11 Октомври“ од Скопје.  

    „Меѓу згрижувачите има сопружници кои немаат деца, но и родители на кои децата им се веќе возрасни и со своите семејства се отселиле од родителскиот дом, па дури и од државата. Некои згрижувачи за да ја исполнат празнината во својот дом се нафаќаат на ваквата хумана задача, а потоа со нив се вклучуваат и нивните деца отселени во западните земји. Им испраќаат гардероба, па дури и карти  за да се одведат на гости или прошетка за време на распустот“, вели Даниела Младеновска – Спасовски, социјален работник и координатор на тимот за деца на улица.

    Старатели на децата додека трае згрижувањето се социјалните работници по службена должност, кои настапуваат во улога на родител, и тие следат дали претојот во згрижувакото семејство е според пропишаните правила и потребните услови.

    „Се прави старателски извештај во текот на годината, на секои 6 месеци се гледа ухранетоста на детето, целокупната здравствена состојба, развојот и растот на детето, условите и хигиената во домот. Ако има потреба се дава и еднократна парична помош, но барањето треба да биде детално образложено. Досега не сме детектирале било какви злоупотреби или недоследности кај згрижувачките семејства“, децидна е м-р Александра Арсовска, директор на Центарот за социјални работи и социјална грижа од Куманово.

    Финансиската помош за ова категорија на лица е на задоволувачко ниво, и има покачување во последните неколку години. Се задоволуваат потребите на детето во целост и за школување, медицинска грижа, квалитетна и разновидна исхрана и обезбедување на еден т.н топол и сигурен дом.

     И кога децата ќе наполнат 18 години и ќе матурираат, кога мораат да го напуштат згрижувачкиот дом државата продолжува со грижа за нив. Им се дава еднократна помош од 180.000 денари, за период на адаптација во почеток, имаат предност при пронаоѓање на работа преку Агенцијата за вработување. Порано имаше и договори со приватни компании или државни институции за нивно вработување, за да побрзо застанат на свои нозе. Доколку децата сакаат да продолжат со школување и да се запишат на факултет добиваат месечен надоместок до дипломирањето, но со услов редовно да запишуваат година и да не заостануваат со испитите.

    На ниво на држава, воспоставени се три центри за поддршка на згрижувачки семејства, тоа се центрите при СОС Детско село, Детскиот дом „11 Октомври„ Скопје и Домот за доенчиња и мали деца во Битола. Во државата има 327 згрижувачки семејства во кои се сместени вкупно 559 корисници.

    Министерството за труд и социјална политика започна кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, заради подигање на свеста за значењето на згрижувачките семејства и нивната улога во општеството.

     О. Пешевска