Насилно влегле во куќа и претепале двајца кумановци
01.05.2014 10:24
| KumanovoNews
П.Ј.(38) и Н.Ј.(16) од Куманово насилно влегле во куќа на улица “Благој Илиев Гуне“ и претепале двајца луѓе.

Тие на втори април годинава во 23.45 часот, провалиле во куќата на Л.М., по што ја скршиле заклучената врата од собата каде што биле Д.Ј.(34) и О.З.(36) од Куманово. Насилниците ги нападнале домаќините им нанеле телесни повреди поради што се пренесени во Општа болница Куманово. По укажаната лекарска помош тие се пуштени на домашно лекување.
П.Ј. и Н.Ј. ќе одговараат за сторено кривично дело насилство.