Наврна литар дожд на квадрат
07.02.2014 08:56
| KumanovoNews
Во текот на вчерашниот ден во кумановско наврна литар дожд на квадрат.

Денеска во вечерните часови ќе има појава на слаба магла. Во сабота ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, попладне и во вечерните часови нестабилно со локални врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од -2 до 6 степени, а дневните температури ќе достигнат до 7 односно до 14 Целзиусови степени.