Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција сеуште нема информации кој ја удрил со автомобил Надица.К (39) на улицата ЈНА во близина на некогашната фабрика ЧИК и побегнал.
На лице место не биле најдени траги кои укажуваат на можниот сторител, ниту имало сведоци на немилиот настан, поради што полицијата чека да се подобри здравствената состојба на Надица за да помогне во истрагата. Врз неа вчера била направена операција на главата во Ургентниот центар во Скопје.
Повредената жена била најдена од случаен минувач завчера во близина на нејзината куќа, како лежи покрај коловозот. Поради сериозноста на повредата била итно пренесена на лекување во Скопје. Од првичната истрага било утврдено дека жената е повредена во сообраќајна несреќа и оставена покрај улицата во бесознание. Се претпоставува дека додека се движела по тротоарот некој од зад грб ја удрил со автомобил и побегнал.