Неколку улици и села без струја
        06.02.2014 09:24
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Поради инвестициони зафати во мрежата денеска без напојување со електрична енергија ќе бидат четири улици во градот и неколку села во Општина Липково.
                  Од 8 до 16 часот струја ќе немаат станарите од улиците : “Ужичка“, “Романовска“, “Драги Шутевски“ и “Страшко Симонов“.
Електрична енергија ќе нема во селата Отља, Липково, Матејче, Никуштак и Виштица од 9 до 15 часот.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



