Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Нема опасност од ширење на листериоза на добитокот во кумановското село Сопот, констатираа стручни лица.
Претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство и Факултетот за ветеринарна медицина, денеска го посетија фармерот Шериф Лимани на кого неодамна му угинаа овци од листериоза.
"До овој момент има угинато 250 од 1000 овци. Бидејќи причинителот е добиточната храна, силажа, дадена е наредба истата да не се користи" - вели Зоран Поповски, директор на Агенција за храна и ветеринарство.
Деканот на Факултетот за ветеринарна медицина, Дине Митров смета дека нема простор за паника ако се почитуваат превентивните мерки.
"Опасност не постои ако приказната се задржи овде кај сопственикот" - рече Митров.
Сточарот Лимани е задоволен што институциите брзо интервенирале, и најави дека и понатаму ќе се занимава со сточарство.