Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
И.З.(41) од Куманово, кој пред два дена беше приведен во полицијата поради тоа што во подрум, нелегално произведувал масло за јадење ќе се брани од слобода.
Истражен судија од кумановскиот суд не му одреди мерка протвор и наложил кривичната пријава за производство и пуштање во промет на штетни прехрамбени продукти да оди по редовна постапка. Газдата засега заработил казни во висина од околу 8 илјади евра од Дирекцијата за заштита за храна, пазарната и трудовата инспекција.
Импровизираниот погон на И.З. бил откриен во визба на улицата „Титова Митровачка„, каде без дозвола се произведувал и преработувал зејтинот „Овчеполско сонце„ и „Флорал„. Маслото е запленето од државниот инспектор за заштита на храна и ќе биде дадено на уништување, поради тоа што е произведено во несоодветни услови и е штетно за конзумирање во исхраната. При претресот на просторијата биле пронајдени суровини за производство на сончогледово масло, сончогледово масло, машини за преработка и пакување на масло, како и парчиња пластичната амбалажа со етикети на „Овчеполско сонце„ и „Флорал„.