Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Независниот синдикат на безбедносните структури, денеска одржа состанок во Куманово и пред членовите ја презентираше идејата за формирање на регионален синдикален совет, преку кој ќе се борат за поголеми работнички права.
Претседателот Гоце Дечев-Тодев, смета дека ССМ работи против интересите на работниците и ги повика да поднесат тужби против несовесните работодавачи кои го злоупотребуваат работничкиот труд.
Конфедерацијата на независни синдикати во изминатите 10 години имаше страшни притисоци од гигантските синдикати, кои не дозволуваат работниците доброволно да се зачленуваат во било која синдикална организација. Затоа размислуваме да ги тужиме министрите, началници, шефови кои им нанесоа огромна штета на работниците а со тоа и на државата. Одлуката на ССМ минималната плата на работниците во Македонија во 2018 годдина да биде 10.080 денари, е срамна бидејќи работниците во западноевропските земји толку заработуваат дневно - вели Делчев-Тодев.
За прекршување на човековите и работнички права на состанокот зборуваше Зорица Лазаревска (64), која тврди дека со години наназад трпи мобинг, затоа што како претседател на пописната комисија открила злоупотреба со резервни делови и бензин на вработени во МВР.
Во МВР сум 32 години, но откако открив криминал, бев на најразлични начини понижувана, физички напаѓања, отпуштана од работа и повторно враќања. Веќе седум години минувам низ пекол и во СВР Куманово. Ме распоредуваа на различни работни места, а едно време доаѓав на работа и седев пред врата, не ми дозволуваа ни да влезам внатре. За сите пркршувања на моите права водам судски постапки, а пратив и преку 200 писма до министерката и премиерот, но досега нема одговор - изјави Лазаревска.
Од СВР Куманово ги отфрлуваат обвинувањата на Лазаревска дека врз неа е вршен мобинг и терор од претпоставените.
Лазаревска ги исполни сите услови за пензија, прво со 62 а потоа и 64 години по Законот за внатрешни работи и Законот за работни односи и повеќе не е вработена во МВР, поради тоа сите нејзини наводи и обвинувања се неосновани и тенденциозни- велат од СВР Куманово.
Претседателот, Делчев- Тодев тврди дека Конфедерацијата на независни синдикати брои 6000 членови, меѓутоа институциите и фирмите не го признавале нивното членство, освен две приватни фирми со дваесетина работници. Затоа повика на окрупнувањето на синдикатот со членови од полицијата, одбраната, судската полиција, агенциите за обезбедување, затворска полиција и другите независни синдикати за да создадат силен синдикат достоен за респект.