×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Никако да се поправи скршената ограда на „Тоде Думба“

    16.09.2022 09:45 | Оливера Пешевска

    Металната ограда на улицата „Тоде Думба“ во Куманово која е оштетена пред две години се` уште не е поправена. Граѓаните овој дел од улицата го сметаат за црна точка и бараат Општината под итно да интеревенира, бидејќи доаѓа период на влажни и подмрзнати коловози, па движењето ќе биде многу опасно. 

    Никако да се поправи скршената ограда на „Тоде Думба“

    Во моментот на улицата се изведуваат градежни работи, се копа канал по десната страна, со што таа дополнително се стеснува. Кривината станува уште поостра, и доколку не се внимава станува небезбедна и за возачите и за пешаците. 

    „Гледате и сами, ништо не е поправено. Мора да се санира и да се зајакне, па дури и да се подигне бетонскиот потпорен ѕид на улицата „Драган Стопаревиќ“, затоа што оградите не ја вршат работа“, велат граѓани кои секојдневно поминуваат тука. 

    Жителите од околните куќи кажуваат дека неретко се случувало автомобилите од „Тоде Думба“ да ја прескокнат целата улица и дури да влетаат во нивните дворови, па покрај стресот што го доживуваат, принудени се и да даваат прва помош, да пријавуваат во МВР или цела ноќ да ја поминат на улица додека трае увидот. На почетокот на годината на ова место во сообраќајна несреќа загина младо момче.

    Од Општина Куманово велат дека работат на решавање на проблемот и оградата ќе биде поправена до почетокот на зимата.

    „Во текот на овој месец ќе распишеме тендерска постапка и ќе избереме изведувач, кој ќе ја поправи оградата. Се надеваме дека тоа ќе биде во најкраток можен рок“, вели Момчило Јовановски, помошник раководител на Секторот за комунални дејности во Општина Куманово.

    Да се поправи оградата на улицата „Тоде Думба“, уште во април минатата година побара и пратеникот Бране Петрушевски, додека ВМРО-ДПМНЕ не беше на власт во Куманово.

    „Граѓаните побараа помош и од мене како пратеник. Недозволиво за една локална самоуправа да остави нерешен ваков проблем, кој ја загрозува безбедноста на возачите и пешаците во Куманово“, кажа тогаш Петрушевски како опозиција. 
      

    И покрај сите апели, притисоци од граѓаните и пишувањето на локалните медиуми, надлежните не успеаја да се организираат за порано да ја постават неколкуметарската метална ограда. Додека да се заврши целата работата, поточно да се санираат банкините и оградите и да се постават сообраќајни знаци кои ќе ја одбележат кривината, останува само да се надеваме дека нема да се случи уште некоја несреќа.


    Оливера Пешевска