Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Граѓаните на Куманово во ноќните часови, видендите и празниците ќе продолжат да се лекуваат во Ургентниот центар се додека не се најде конечно решение на проблемот со дежурствата во примарната здравствена заштита.
Ова беше одлучено на денешната средба на заменик министерот за здравство и првите луѓе на Здравствениот дом, Општата болница и приватните лекари.
Ги изанализиравме сите аспекти на настанатиот проблем и заедно со сите нашите партнери, најдовме решение да се продолжи со пружањето на услугите во Ургентниот центар се додека ние како министерство за здравство не понудиме дефинитивно решение, кое ќе биде заедничко. Во овој момент ќе бидат вклучени сите служби, бидејќи е зголемена фреквенцијата на сезонски заболувања, така да и Итната помош и Ургентниот центар че бидат вклучени со цел се пружи соодветна здравствена заштита на пациентите. Намераваме до наредната недела да го решиме проблемот -изјави заменик министерот Владо Поповски.
На состанокот, било договорено проблемот да се реши со ординации во поликлиниките, каде матичните лекари сами ќе организираат дежурства, или со формирање на независна служба за ноќните дежурства. Останува министерството да ја донесе конечната одлука.
Како една опција на решението е матичните лекари да учествуваат со труд, значи само да дежураат, меѓутоа сите услови да ги обезбеди Здравствениот дом или да се вработата нови лекари и да се направи дежурна служба независна од Итната медицинска помош- вели докторот Стоје Стојмановски матичен лекар и потпредседател на Лекарската комора.
Дел од лекарите работеа во наши ординации до март мината година, кога склучија договор со Ургентниот центар. Овие простории стојат на располагање да ги дадеме да работат ноќни дежурства од 19 часот до полноќ и за време на празниците. Освен во поранешен „Уред„, имаме и ординација во населбата Перо Чичо, а ако треба ќе најдеме уште една и во другите поликлиники, само да се реши проблемот- вели Миомир Панковски, директор на Здравствениот дом .
Проблемот со дежурставата во примарната здравствена заштита во Куманово настана пред нова година, откако Ургентниот центар го прекунал договорот со матичните лекари, заради тоа што не можел да одговори на потребите на пациентите, а воедно и како субјект од секундрното здравство немал право да врши примарна здравствена заштита. Отогаш пациентите останаа без лекување во ноќните часови и празниците.