Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Над 1,3 милиони денари се штетите што ги предизвикаа поплавите во ноември, минататa година.
Како што информираа од Општинската комисија за проценка на штети, до нив биле поднесени 33 барања за обештетување, претежно од граѓани кои живеат на улица “Никола Тесла“ и населба Средорек.
“Во таа поплава настрадаа куќите кои се на почетокот на улица “Никола Тесла“ и локалитетот “Водовод“, односно месна заедница Средорек. Уништена беше покуќнина и помошни простории. Комисијата по утврдена методологија ги процени штетите. Информацијата денеска беше усвоена од Советот, и таа ќе биде проследена до Владата, до Републичката комисија за проценка на штети за да овие граѓани добијат обештетување“ - кажа Цоки Ристовски, претседател на Општинска комисија за проценка на штети.
Минатиот викенд повторно граѓаните беа погодени од поплави и нив им е даден рок до 2 февруари да ги пријавуваат штетите.