Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Училиштето во првата фаза доби современа механизација, трактор со приклучна опрема во вредност од 22 иљади евра, наменети за изведување на практична настава.
Во средното земјоделско училиште „Киро Бурназ„ започна инплементацијата на проектот „Со образование чекор напред кон подобра економија„ што се реализира со финансиска подршка на Кралството Норвешката. Училиштето во првата фаза доби современа механизација, трактор со приклучна опрема во вредност од 22 иљади евра, наменети за изведување на практична настава.
Ове е прв чекор од програма што во принцит значи помош за самопомош. Со оваа донација ќе се овозможи подобрување на практичното знаење, а ќе инвестираме и во делот на производство на млеко - рече Азбјорн Гарнерс, проект менаџер на проектот.
Министерството за образование,норвешката организација и училиштето работат на зајакнување на земјоделско-ветеринарната насока за да се создадат услови за дообразование на возрасните лица.
Обуките ќе бидат наменети за безбедно користење и управување со земјоделска механизација. Истовремено работиме на изработка на модули и матерјали, кои ќе бидат користени за обуките. Понатаму се планира да се направи краварска фарма, мини погон за производство на млеко, управување со отпад и органско производство. Сите овие проекти треба да се реализираат во наредните три години- вели Горан Јовановиќ, директор во училиштето.
Целиот проект чини 400 иљади евра, а доколку дава резултати ќе се продолжи со вложувања и негово надградување.Во името на локалната самоуправа за дадената подршка и успешната соработка со норвешката агенција се заблагодари Горан Митевски, раководител во одделението за меѓународна соработка.