×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нов пица-ресторан во градот

    31.03.2011 13:51 | KumanovoNews

    Пица-ресторанот Помодоро, која се наоѓа на булеварот „Октомвриска Револиција„, во прекрасен амбиент нуди оригинални италијански специјалитети.

    Нов пица-ресторан во градот

    Куманово е побогато за уште еден угостителски објект. Од вчера почна да работи пица-ресторанот Помодоро, која се наоѓа на булеварот „Октомвриска Револиција„, спроти Градскиот кеј, во близина на Спортската сала. Во прекрасен амбеинт, посетителите ќе можат да уживаат во оригинални италијански специјалитети.

    Кога се одлучивме да го отвориме локалот, идејата ни беше да направиме едно мирно и интимно место за луѓето кои што сакаат италијанска храна. Имаме познати и искусни мајстори за пица, разни врсти на тестенини, и многу специјалитети кои досега ги немало во Куманово. Водевме сметка и за стандардот на нашите сограѓани и затоа цените ќе бидат прифатливи за сечиј џеп-вели еден од сопствениците Зоран Лазаревски.

    Препознатлив по знамето на Италија, со ентериер во рустикален стил и голема летна бавча, ресторанот нуди 15 видови на пици, подготвени по оригинална италијанска рецептура, тестенини со богат избор на сосеви, како и повеќе домашни специјалитети, меѓу кои и штипска и кратовска пастрмајлија.

    Ресторанот има и пица сервис на фиксниот телефон 61-31-67, а сопствениците на Помодоро се надеваат дека со квалитетот на храната што ја нудат, и со добрата атмосфера,  кејот годинава ќе биде попријатно место за прошетка и одмор.

    Работното време на Помодоро е од 8 часот наутро до полноќ во текот на неделата, и еден час подолго за викенд.