Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Нов ексклузивен ресторан „Унико Таверна“ ("UNICO TAVERNA") ќе почне со работа во среда /24 јули/, на позната локација во центарот на Куманово.
Љубителите на вкусната храна ќе имаат можност секојдневно да уживаат во пријатна и релаксирана атмосфера, во исклучително уреден простор кој е во чекор со новите трендови и очекувањата на гостите.
Новиот ресторан е со површина од 150 метри квадратни и со капацитет од 70 места, распоредени во отворен и затворен дел. Во ресторанот ќе се служат специјалитети од македонска, мексиканска и кинеска кујна, кои се подготвуваат специјално и единствено по рецепти на искусните мајстори во кујната на „Унико Таверна“.
„Унико Таварна“е ресторан за секоја пригода – од место каде што можете да го испиете првото утринско кафе, да седнете за ручек и вечера со вашите колегите и соработниците, до ресторан во кој можете да организирате родендени или семејна прослава.
Новиот угостителски објект е дел од семејството на „Унико“, кој за кратко време се наметна како успешна приказна и ги освои кумановци, со својата професионалност, посветеност, љубезен персонал и квалитет во работeњето.
„Унико“ приказната ја започна мојот директор уште пред 6 месеци, поточно кога го отворивме нашиот прв ресторан со игротеката. „Унико холдинг“ е замислен да функционира на повеќе полиња, а првата идеја за отворање на ресторанот на ул. „Доне Божинов“, кај што е сега, се покажа како исклучително добра, бидејќи една од најмрачните улици во градот доби сосема нов лик, а истовремено и заживеа. Сега одиме чекор понатаму, и ја отвораме нашата „Унико Таверна“, која ќе функционира како дел за пушачи и која исто така ќе биде место за убави и пријатни дружења за сите посетители. Игротеката исто така останува достапна за сите кои ќе уживаат во нашата Таверна. Со овој ресторан правиме уште еден исчекор во угостителството, поставуваме нови стандарди на задоволство на нашите сограѓани и гости“, вели Бојан Додевски, менаџер на „Унико Таверна“.
Рестораните „Унико“ и „Унико Таверна“ се со површина од 300 м2, со вкупен капацитет за 150 гости, надополнети со игротеката за деца од 170 м2, во која работи воспитувач за грижа на децата. Сите овие содржини ја прават понудата на „Унико“ единствена и поразлична од останатите, поради што е широко прифатена од гостите од сите генерации.
Комплексот „Унико“ се ноаѓа на ул. „Доне Божинов“ во приземјето на зградата на ФЗЦ. Повелете Ве очекуваме, порачуваат од менаџментот и вработените !
(ПР текст)