Нова стихозбирка “Животот понекогаш е кучка“
06.02.2014 09:19
| KumanovoNews
“Животот понекогаш е кучка“ е новата стихозбрирка на Божана Трајковска која наскорор ќе излезе од печат. Збирката содржи 80 песни и е во фаза на рецензија.

Се работи за лирика преку која објаснувам дека животот не е едноставен. Има порази и победи, но победите се најголем стремеж на секој човек. Има многу автобиографски елементи, но пишувам воедно и за татковината - вели Трајковска.
Ова е седма стихозбирка на поетесата.