Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во последните 24 часа направени се 1845 тестирања, а регистрирани се 155 нови случаи на коронавирус.По градови во:Скопје 51, Куманово 11, Штип 13, Тетово 10, Кавадарци 14, Гостивар 22, Македонски Брод 5...
Починати се 2 лица, пациент од Скопје и пациент од Штип. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 127 оздравени пациенти. Од Скопје 40, Куманово 17, Штип 22, Радовиш 10, Свети Николе 12...
Досега во земјата се направени вкупно 111791 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11554, бројката на оздравени пациенти е 7607, на починати е 519, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3428.