×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нови осомничени за убиството на сопствeникот на менувачница

    17.01.2011 16:20 | KumanovoNews

     Полицијата привела неколу лица под сомнение дека се вмешани во разбојништвото и убиството на Бранко Петрушевски, сопственик на менувачницата „Дај-Дам„ во Куманово.

    Нови осомничени за убиството на сопствeникот на менувачница

    Подигнато е обвинение за соучесништво во делото за уште едно лице од Черкезе, кое со полициска придружба беше донесено во Судот во Куманово. Се работи и на утврдување на инволвираност на уште неколку лица, сопственици на менувачница кои завчера биле доведени на распит во полицијата.

    Во отсуство на официјални информации од полицијата за свирепото убиство и грабежот се шпекулира дека убиството било нарачано. Планот пропаднал поради невнимание на извршителот, кој во паника го изгубил мобилниот телефон во кој се пронајдени броевите на сите со кои контактирал и биле вмешани во крвавиот план.

    Убиството се случи во саботата околу 7 часот наутро, откако Петрушевски и неговата сопруга дошле во менувачницата. Во моментот кога тој ги земал парите од автомобилот, Рамиз му се приближил од зад грб и испукал неколку куршуми во него. Му ја одземал чантата со 44 илјади евра и побегнал. Во целата мешаница му испаднал мобилниот телефон што е клучен доказ за неговото, и откривање на останатите учесници во крвавото разбојништво.

    Првообвинетиот Рамиз З.(22) од Куманово доби 30 дневен притвор под сомнение дека сторил убиство од користољубие. Осомничениот е пренесен во затворот Шутка, каде ќе даде исказ за Истражен судија од Основниот суд Куманово. Тој во полицијата признал дека го извршил убиството, но тврдел дека немал намера да убие, и тоа го сторил откако Петрушевски извадил пиштолот и сакал да пука во него.