Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во текот на денот не очекуваат умерени врнежи од дожд, при што можно е да наврнат по 15 литри дожд на метар квадратен, стои во соопштението од Управата за хидрометеоролошки работи.
Новите врнежи од дожд можат да го зголемат водостојот на реките, но не драстично како претходните денови. Времето ќе биде студено, а ќе дува и умерен северен ветер. На повисоките места се очекува да врне снег, а синоќа на патните правци кон Страцин и Павлешенци е забележано слабо провејување.
Во текот на вчерашниот ден водостојот на река Пчиња се намалил за 160 цм, во однос на викендот кога имаше излевање.