Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Апелацискиот суд во Нови Сад вчера одлучил да се укине екстрадицискиот притвор на Божиновски, пренесуваат српските медиуми. На Божиновски му е забрането да ја напушти Србија за што му е одземен пасошот.
Тој е обвинет за случајот „Шпион“ и нашите правосудни власти бараа да биде екстрадиран во Скопје за да му се суди за шпионажа и злосторничко здружување.
Новинарот беше уапсен лани во ноември, откако Македонија распиша меѓународна потерница по него.