Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Како резултат на големото незадоволство од она што се сличува во Македонија во секој сегмент од живеењето,во општинската организација на НСДП добива нови членови. Ова го соопшти претседателка на огранокот Сунчица Јосифовска по синиоќешната редовна седница на Извршниот одбор.
На мое лично задоволство и на задоволство на партијата сакам да кажам дека имаме и голем број на нови членови кои се придржуваат на нашата партија. Луѓето исплашени за својата егзистенција и егзистенцијата на своето семејство немајќи перспектива во една безизлезна ситуација, бараат решение на своите проблеми-рече Јосифовска.
Таа подсети дека НСДП како дел од опозицискиот фронт кој го сочинуваат 16 различни партии ќе учествува на митингот во недела, бидејќи тоа е добра можност да се искаже револтот за моменталната ситуација во која се наоѓа државата.