Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со слоганот „Иднината има предност„, НСДП ќе ја бара довербата на граѓаните на престојните парламентарни избори.
Изборната програма нуди решенија во сите области на општественото живеење, а приоритети се даваат на вработувањето, трудот на капитал, земјоделството и енергетиката.
Формирани се централните, регионални и општински изборните штабови. Регионалниот штаб за изборната единица 2 е со седиште во Куманово, а за шеф е избран Зоран Маневски. Општинскиот штаб ќе го води претседателката на општинската организација Сунчица Јосифова.
Ми претставува особено задоволство што многу луѓе во НСДП препознаваат вистинска опција за решавање на сегашната состојба во државата.Затоа ги охрабрувам сите граѓани на 5 јуни и да го дадат својот глас за партијата на која и веруваат. НСДП е спремна да влезе во битката за доверба на гласачите на овие предвремени парламентарни избори-вели претседателката Јосифова.