Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Обдукцискиот наод од Инситутот за судска медицина што попладнево пристигнал во Судот, покажал дека на телото на починатиот Томе Пешевски нема траги од насилство.
Поради тоа се претпоставува дека тој се самоубил, а не дека е убиен како што првично се мислеше.
Неофицијално дознаваме дека од увидот на лице место било утврдено дека влезната врата на куќата во која живеел Пешевски била заклучена од внатре, а отворена била само балконската врта на катот од куќата. Поради тоа се претпоставува дека тој скокнал од терасата. Од задобиените повреди од падот на главата починал на самото место.
Полицијата ќе ги испитува другите околности.