×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановското обвинителство 1,5 месец го чека обдукцискиот наод за починатата родилка

    19.11.2024 19:04 | Сузана Николиќ

    Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово повеќе од 1,5 месец го чека обдукцискиот извештај од Институтот за судска медицина во Скопје, кој ќе ги покаже причината за смртта на 31-годишна родилка од Куманово. 

    Кумановското обвинителство 1,5 месец го чека обдукцискиот наод за починатата родилка

    Од Обвинителството велат дека тие веќе ги обезбедиле повеќето од потребните документи, како што се медицинската документација од матичниот гинеколог и од приемот во болницата, и видеоматерјал од операционата сала, но го чекаат клучниот доказ врз основа на кој ќе се гради понатамошната истрага.

    Родилката почина на 27 септември, при породување на Одделението за гинекологија и акушерство во Општата болница во Куманово. Таа била во деветтиот месец од бременоста, и во болницата дошла откако дома ѝ почнало породувањето. Наредното попладне состојбата нагло ѝ се влошила и ненадејно починала. Ова ѝ била втора бременост.

    „Родилката е примена со прснат воденик, со отпочнато породување и слаби контракции. До вчера се чекало да добие спонтани контракции и по природен пат да продолжи породувањето. Откако тоа не се случило, отпочнати биле стимулации, но нагло ѝ престанала срцевата работа и го изгубила притисок. Викнат бил анестезиолог за реанимација, но без резултати. Веднаш е однесена во операциона сала за да се извади плодот. Бебето е живо и итно е однесено на Детската клиника во Скопје“, изјави тогаш д-р Стефан Трајановски, директорот на Кумановската болница.

    Породувањето го вршеле двајца дежурни лекари, кои биле на смена.

    Министерот за здравство Арбен Таравири и при посетата на Општата болница Куманово повтори дека комисијата утврдила оти нема лекарска грешка при породувањето на младата жена, адвокатот на семејството на родилката Христијан Георгиевски, вели дека сè повеќе е убеден во спротивното.

    „Се повеќе сме убедени дека има пропуст при извршување на лекарската интервенција кај младата родилка. Не се согласувам со ставот на министерот, мислам дека е многу рано да се излегува со заклучоци, во услови кога ги немаме сите медицински документи, вклучувајќи го обдукцискиот наод. Ние продолжуваме со истражната постапка, со прибирање на мислења и наоди од стручни лица од областа на неонатологијата и гинекологијата, за да докажеме како може трудница која не покажувала никакви знаци на патолошка бременоста или друга опасност по нејзиниот живот и животот на бебето, да заврши со трагичен крај“, вели Георгиевски, и додава дека мора да има одговорност за изгубениот живот.

    Тој кажа дека бебето е уште на лекување на Клиниката на детски болести и е во тешка здравствена состојба.