Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со приредба на учениците од основното училиште „Браќа Рибар„ и „Вук Караџиќ„ беше прославен празникот Свети Сава што го организираше Обединетата српска заедница во Македонија, регионален одбор Куманово.
Присутните во име на организаторот ги поздрави Часлав Јовановиќ, а на собирот се обрати и амбасадорот на Србија во Република Македонија Томислав Ѓурин, кој го честиташе празникот и ја пренесе честитката од евро-амбасадорот Ерван Фуере. При тоа особено се заблагодари на градоначалникот на Куманово и на неговите соработници за укажаната подршка.
Србите покажуваат дека ги почитуваат својата историја и своите великани, независно во кој период дејствувале, тие се дел од српската традиција. Ова е показател дека српскиот народ може да биде сложен и единствен кога тоа е потребно и да се обединува околу вистинските вредности, кои се традиционални на српскиот народ, а тоа е хуманост, однос кон своите сонародници и народот со кој живее. Посебно би го истакнал добриот однос помеѓу српскиот и македонскиот јазик и двете држави-рече во своето обраќане амбасадорот Ѓурин.
Беседа за Свети Сава одржа директорката на ОУ „Браќа Рибар„ , Розита Благоевиќ, која не го криеше своето задоволство од успешноста и посетеноста на свеченоста.
На прославата беа доделени наградите на литературниот и ликовен конкурс „Ликот и делото на Свети Сава„ што втора година по ред го организира Коло на Српските сестри. Првата награда ја доби Гордана Стефановска, втора Марио Павловски, а трето наградена беше Сунчица Спасовска сите од училиштето Браќа Рибар.
Централната прослава на Обединетата српската заедница во Македонија и уште неколку невладини организации ќе се одржи утре во селото Кучевиште.